Ski Centri Makedonija Popova Šapka Istorija skijanja na Popovoj Šapki

Istorija skijanja na Popovoj Šapki

sapka400

     На Попова Шапка, на Љуботен, на Вакуф, Церипашина, Јелак и на други врвови и локации со патеки идеални за алпско и за нордиско скијање, но и во кругот на црквата "Свети Никола", во горниот дел на Тетово и на улиците на градот е испишана 80-годишната историја на скијањето на Шара.

      Тетовци во текот на долгите и сурови зими многу често ги користеле скиите за да се симнат од планината до градот. Во 1926 година, тогашниот градоначалник на Тетово Орестие Крстиќ, со вљубеници во скијањето се спуштил со скии дури од врвот Љуботен, на најсеверната страна на Шара, во селата Рогачево и Старо Село. Три години подоцна е основан планинарско-скијачкиот клуб "Љуботен", кој постои и денес.



Tрадиција - Шарпланински куп 1947.

     Првиот Шарпланински куп беше одржан во 1947 година во организација на Македонскиот Планинарско-скијачки Сојуз.

     “На државното првенство кое се одржуваше на Шар Планина на Попова Шапка, 1947, т.е. Балканско првенство, беа поканети Унгарци, Румуни, Бугари. Смукот за жемни беше долг 2500 метри со висинска разлика од 320 метри. Победи Вида Катник, на второто место се пласираше Даринка Луканц а на трето Павлина Торкар. Кај младинците најдобро извози Јанко Штефе.
     Балканскиот Шампионат започна со трка во Смук на 4500 метри долгата патека со висинска разлика од 740 метри. Најдобро пласиран беше унгарецот Петер Силко. Следуваа два југословени Славко Луканц и Цирил Прачек. Екипно водеше екипата на Југославија пред Романија, Бугарија и Унгарија.
     Слаломот за малдинци и младинки се одржуваше на патеката долга 350 метри и со висинска разлика од 100 метри. Мажите и екипите на Балканските држави се поместија на стартот на 450 метри долгата и технички мошне тешка патека. Фаворит во слалом беше Матевж Луканц пред Цирил Прачек и Јоже Бертонцељ. Екипно првото место го освои екипата на Југославија пред Унгарија, Бугарија и Романија.

Конечниот пласман во алпска комбинација беше:
     1. Југославија,
     2. Романија,
     3. Бугарија,
     4. Унгарија.

    На одржанато првенство во членови победи Матевж Луканц пред Цирил Прачек и Јоже Бертонцељ. Првенството на Југославија во алпска комбинација го освои Цирил Прачек пред Славко Луканц. Кај женските, Вида Катник беше пред Лозка Прачек и Даринка Луканц. Во алпска комбинација повторно Вида Катник победи пред Даринка Луканц и Лојзка Прачек“

    2011. на Поповој Шапки се одржава 38. по реду Шарпланински куп.

    Izvor: www.saracup.mk

 



НАД 80 ГОДИНИ СКИЈАЊЕ НА ШАРА
На скии до Тетово

     Во 1926 година, тогашниот градоначалник на Тетово Орестие Крстиќ, со вљубеници во скијањето се спуштил со скии од врвот Љуботен, на најсеверната страна на Шара, во селата Рогачево и Старо Село

     На Попова Шапка, на Љуботен, на Вакуф, Церипашина, Јелак и на други врвови и локации со патеки идеални за алпско и за нордиско скијање, но и во кругот на црквата "Свети Никола", во горниот дел на Тетово и на улиците на градот е испишана 80-годишната историја на скијањето на Шара. Тетовци во текот на долгите и сурови зими многу често ги користеле скиите за да се симнат од планината до градот. Во 1926 година, тогашниот градоначалник на Тетово Орестие Крстиќ, со вљубеници во скијањето се спуштил со скии дури од врвот Љуботен, на најсеверната страна на Шара, во селата Рогачево и Старо Село. Три години подоцна е основан планинарско-скијачкиот клуб "Љуботен", кој постои и денес.

     Во 1947 година се одржал првиот Шарпланински куп, со учество на натпреварувачи од 22 европски држави. По многу подеми и падови, Купот последен пат е обновен во 2003 година. "Како да ни е пишано постојано да почнуваме од нула, ние немаме сили за континуитет во развојот на скијањето во овој регион, но и во развојот на Попова Шапка како планински центар", вели Жарко Трпковски, претседател на скијачкиот клуб "Љуботен".

Тетовецот Радован Богоевски - Муња, со неговите 76 години, веројатно е меѓу најстарите активни скијачи во Македонија. Рамо до рамо со него е и легендата на македонското скијање 72-годишниот Рефик Јахја. Во шесте децении минати со скијањето, слаломот и велеслаломот нему му донесоа повеќе од 50 медали, златни, сребрени и бронзени - од првенствата во поранешна Југославија, на Балканот и од европските шампионати. Нуриман Велиу, Никола - Коларот, Диме Чауш, Насип Рамадани, Ацо Стојановски, Неби Зендели, Јово Џагула и Рустем Рефики се, исто така, дел од првата генерација ентузијасти и натпреварувачи во скијањето кои ја создадоа традицијата на овој спорт во Тетовско. Денес само неколкумина од нив се живи.

"Жал ми е кога ќе ја погледнам сега Попова Шапка и кога ќе се сетам каде сме биле и кај сме сега. Во '50-тите години од минатиот век се натпреварувавме рамо до рамо со Словенците, возевме на Крањска Гора и се натпреварувавме со нив чиј скијачки центар ќе биде подобар. Кога бев директор на Скијачкиот центар на Шапка преку викендите имаше и 3.000, а понекогаш и до 5.000 скијачи и посетители , а сега едвај по неколку стотини. Само почетници и скијачи рекреативци", се присеќава со носталгија Рефик Јахја.

    Скијачкиот клуб "Љуботен" стартува со проект да го врати членството. "Започнуваме повторно да го возобновуваме клубот со 30 деца во категоријата цицибани. Немаме членови натпреварувачи ниту во категоријата на возрасните", вели Жарко Трпковски, претседателот на клубот.

      Пензионираниот универзитетски професор по спортска рекреација и скијање Мирчо Савовски од Тетово, кој им ја посвети својата докторска дисертација на Шара и на историјатот на скијањето во регионот, вели: "Попова Шапка не е најубавиот и за скијање најквалитетен локалитет на планината. Таа е дел од една поширока месност, наречена Рудока, која има извонредни терени за скијање и за функционирање на седум скијачко-планински центри со капацитет од околу 100 илјади скијачи. Но потенцијалите на оваа 'снежна индустрија' останаа само на хартија".

      Скијачкиот центар Попова Шапка последниве неколку зимски сезони е речиси празен. Нема пари да се платат дури ни сметките за потрошената струја. Овој планински центар само во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век им се доближи на европските стандарди и само тогаш привлече и скијачи од Европа. Сега се бараат инвестиции и нови развојни планови, но и способни луѓе да го вратат некогашниот сјај на ски-терените на Шара.


     Свето Тоевски         Izvor www.vest.com.mk

Galerija slika

Srodne strane
Skijanje - 1977

Autor: *Mr. Andon Simovski* Naslov: Skijanje (СКИЈАЊЕ)   Izdavač: "Skijaški savez Makedonije", Skopje Godina izdanja: 1977. Povez: meki Br. strana: 240, Format: 140x200mm Izvor: Kolekcija ski publikacjija...

studijasarplanina
Strategija za turizam na Šar planini

EPI Međunarodni centar je izabran od strane Ministarstva ekonomije Makedonije da pripremi studiju za razvoj turizma u regionu Šar Planine. Studija ima...